Она што никој не може да ми го одземе
е Крстот на чело
и Црквата во мене
Леснотијата на заспивањето
и Тежината на неправдата
Она што никој не може да ми го одземе
го нема на пазарот
создава Тишина
беспрекорна Мирнотија
Безвучност
Соединување со себе.