Исчезнување

Меѓу стапалото и земјата гние пожолтениот лист.
Еден ден ќе потонам и јас како заборавена тревка во жолто поле.
На ист начин, сосема исто ќе се збогуваме со небата и ветровите.
Листот и јас.

Еден ден ќе се молиме да дојде нова пролет.

Еден ден небата ќе шумолат раззеленети.