Исчезнување

 

Меѓу стапалото и земјата гние пожолтен лист.

Еден ден ќе потонам и јас

како заборавена тревка во жолто поле.

На ист начин, сосема исто

ќе се збогуваме со небата и ветровите.

Листот и јас.

Еден ден ќе се молиме

да дојде пролет.

Еден ден небата

ќе шумолат раззеленети.