Сè поблиску сум до смртта

Во окото на денот се испреплетени безбојни крви
исти какви што светеа во брчките на дедо ми.
Во тие наведнати води
се огледуваа врвовите на јаворот
и правта од годините на каменот.

Сè поблиску сум до смртта.
Во сонот се раскрилувам како птица
на која ѝ е одземен гласот.