Откако ги исполни заповедите Господови и се искупи со подвиг, преподобната Марија стана како порта отворена, како самрак на Голгота и како каменот кој беше кренат од Гробот, која го покажува патот на мене бродоломникот во гревовната темнина и во бурите од преголеми искушенија. Затоа, да ја избегнеме секоја неутешна тага и секое фарисејско посипување со пепел и како ава Зосима вака ​​да го прославиме Бога:

Нека е благословен Бог Кој ни го покажува патот на Марија, која сјае во темнината!

Нека е благословен Бог Кој преку застапништвото на светлозарната Марија, ги слуша молитвите на оние кои се плашат од Него!

Благословен е Бог Кој нè облекува во светлина, по молитвите на Марија Прекрасна!

Нека е благословен Бог Кој ни помага и нè штити со Себе просеан во Марија Египетска!

Нека е благословен Бог Кој ни дава утеха ветувајќи ни ги идните добра во Своето Царство. О, воскресна песно, светлоносна Марије, процветан извору и восклику до Воскреснатиот Господ!

Нека е благословен Бог Кој преку твоите молитви Марије – Христова кошуто, ми дава срце од месо што ја бара својата единствена љубов!

Нека е благословен Бог, Марије – зоро рана Магдаленина. Ги отворам моите лилјани на душата кон Воскреснатиот Господ и ги повикувам сите убавини на природата да те прослават, бидејќи ти самата си достојно прославување на Христос нашиот Бог!

О, наша голема молитвеничке, преподобна мајко Марије, моли Го Бога за нас!

(Извадок од Акатистот на преподобна Марија Египетска)