Како последица на развојот на смирението и љубовта во христијанинот, во него ќе се роди и душевен мир. За ова вака пишува старецот Силуан од Стариот Атос: „Не може душата да има мир, ако со сите свои сили не го моли Бога да му даде дар да ги сака сите луѓе“.
При решавање на прашањето за нашата состојба: „Дали сме во духот?“ , присуството на душевен мир ќе биде едно од најважните показатели. Мирот во душата на христијаните треба постојано да владее, да не се губи при никакви околности и нервоза.

Како се раѓа во душата мир? На ова прашање одговара Самиот Господ Исус Христос.
Тој вели: „Дојдете при Мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам. Земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце, и ќе најдете спокој за душите ваши“ (Мат . 11,28-29).

И така, следејќи го Христос во Неговата кротост и смиреност, христијанинот ќе ја добие тука на земјата наградата – мирот во душата. 
А постоењето на мирот е и показател на тоа дека човекот навистина Го следи Христос и дека во него е Светиот Дух.

Извадок од книгата:
Кој нè укорува, тој ни подарува.