НАШИОТ ПАТ

Се родивме со љубов,
Па, со растењето ја губевме.
Се родивме без да зборуваме,
Па, се полневме со зборови.
Се родивме како слободни,
Па, самите се заробивме.
Живеевме во нашите срца,
Па, се преселивме во главите.
Се оддалечивме од вистината,
За да сме поблизу до илузијата.
Сега бараме враќање назад,
Од главата кон срцето,
Од зборовите кон тишината,
Од ропството кон слободата.
Да се вратиме кон изворот,
Да се вратиме кон невиноста.
Патот до таму е само еден,
Патот до таму е само наш,
Патот е просветлувањето,
Просветлувањето е Љубов.

м. н.