Денес викарниот епископ Стобиски г. Јаков ги прими градоначалникот на Општина Струмица г. Костадин Костадинов и Сара Витанова, успешна млада пијанистка од Струмица која во континуитет освојува награди како во државата, така и надвор од неа.
Сара одлучи нејзината последна парична награда за освоеното прво место да ја донира во Фондација „Елеуса“ за помош на сите оние луѓе за кои се грижи секојдневно тимот на Елеуса.
Бог да ја благослови и чува и нејзиниот гест да биде светол пример за секој млад човек!