Кој го љуби Господа, најнапред го возљубил својот брат. Второто е доказ за првото. Кој го љуби ближниот, никогаш не ги поднесува луѓето кои се занимаваат со озборување. Уште повеќе, тој бега од нив како од оган. Кој вели дека го љуби Господа, а се лути на својот брат, личи на човек кој сонува дека незапирливо трча.

Моќта на љубовта е во надежта. Со надеж очекуваме награда за љубовта. Надежта е збогатување со невидливо богатство; надежта е сигурно богатство во ризницата. Таа е одмор од маките. Таа е капија на љубовта, таа го убива очајанието, таа е слика на идните добра.

Недостаток на надежта е исчезнување на љубовта. Со неа се врзани нашите маки, врз неа се изградуваат нашите подвизи. Нејзината милост го опкружува Бога. Монахот полн со надеж ја употребува неа како нож со кој го коле унинието. Надежта раѓа искуство во даровите Господови. Бидејќи кој не ги почувствувал даровите Божји, не може, а да не се сомнева. Надежта го победува гневот: таа нема да се посрами (Рим. 5, 5). А човекот кој се лути не е пристоен.

Љубовта е дародавец на пророштвата. Љубовта е извор на чудеса. Љубовта е бездна на озареноста. Љубовта е извор на благодатниот оган: колку повеќе пламти, толку повеќе ја распалува жедта на жедниот. Љубовта е ангелски живот. Љубовта е вечно напредување.

Свети Јован Лествичник