И му заповеда Господ на еден голем кит да го проголта Јона; и Јона остана во неговата утроба три дена и три ноќи.

Му се помоли Јона на својот Господ Бог од утробата на китот,

па рече: „Кон Господа повикав во мојата неволја и Он ме чу; извикав од утробата на пеколот – и Ти го слушна гласот гласот мој.

Ти ме фрли во длабините, во срцето на морето, и водата ме опколуваше, и сите Твои води и бранови минеа преку мене.

Тогаш реков: Отфрлен сум од очите Твои, но сепак, ќе ја видам Твојата светиња.

Ме притиснаа водите до душата моја, бездната ме затвори; со трева морска мојата глава е обвиена.

Слегнав до основите на планините, земјата со своите резиња за навек ме затвори, но Ти, Господи Боже мој, ќе ја изведеш душата моја од пеколот.

Кога изнемогна мојата душа, се сетив на Господа, и молитвата моја стигна до Тебе, до светиот храм Твој.

Оние, кои почитуваат лажни богови, Го оставија својот Милосрден,

но јас со похвален глас ќе Ти принесам жртва; она што сум го ветил, ќе го исполнам. Во Господа престојува спасението!“

Тогаш Господ му заповеда на китот, и тој го исфрли Јона на суво.

Книга на пророк Јона (глава 2, 1-11)