Синко, не откажувај ја помошта на сиромавиот;

не измачувај ги со долго чекање очите на несреќните.

Не ожалостувај ја душата на гладниот;

не огорчувај го оној што е во сиромаштија.

Не измачувај срце што е веќе огорчено;

не одлагај ја милоста спрема оној што ја нема.

Не одбивај ги молбите на несреќните;

лицето твое не свртувај го од сиромавиот;

не свртувај ги ниту твоите очи од оние што просат милост.

 

Мудрост Сирахова (4, 1-5)