Еден ден во седмицата, кој се именува недела, се вика и ден на Господа, бидејќи Он во тој ден воскреснал од мртвите, и со тоа го претскажал општото воскресение на сите, и во тој свет ден нè уверил во неговата вистинитост.

Никаква световна работа не работи, освен она што е најнеопходно и потребно, а и на сите кои се под твое управување, давај им одмор и спокој, та, заедно со нив да Го прославуваш Оној Кој со Својата смрт и со воскресението ја совоскреснал и нашата природа.

Спомнувај си за идниот живот и поучувај се во сите заповеди на Господа; испитувај да не си престапил некоја од овие заповеди, и во сè поправај се себеси.

Во овој ден, посетувај го Божјиот храм и присуствувај на сите црковни служби; причестувај се со телото и крвта на Господа Исуса Христа; постави почеток на твојот праведен живот; обновувај се и подготвувај се за примање на идните вечни блага, заради кои, пак, немој да се ползуваш лошо со земните.

Во денот на Господа оставај ги сите земни работи, освен она што е најнеопходно и без што не може да се живее. Имајќи Го на тој начин Бога за свое засолниште, нема да ги престапиш Божјите заповеди, нема да го распалиш огнот на страстите и нема да го натовариш врз себе бремето на гневот. Така ќе го посветиш светиот ден на Бога, ќе празнуваш и нема да правиш зло.

Празнувај ги и другите востановени празници, како што го празнуваш Господовиот ден; и во тие денови прави го истото и од сите зла воздржувај се.

Свети Григориј Палама