Посвети се на спасението на својата душа, замени го благородството твое за ропство кон Исуса Христа, и на сите биди им слуга. На никого ништо не му откажувај, во секое време, во било што, на секого послужи му. Не жалејќи ги ни силите, ниту здравјето, ниту спокојот, добротвори со сите сили кон сите луѓе. Утеши го секого што има потреба од твојата утеха.

Смирението се состои во тоа, кога човекот се смета себеси за најгрешен од сите, никого не понижува и никого не осудува, туку внимава на себе, не бара богатства, пофалби, слава и чест.

Смирение е и кога храбро се трпат понижувања, навреди и укори, кога длабоко во срцето се признава дека си заслужен за нив, кога со сите се однесуваме кротко и понизно, и кога сме подготвени на секого да му служиме со љубов, кога не ги гледаме своите добри дела и за нив воопшто не говориме без некоја особена потреба.

Старец Агапит Нило-Столбенски