Оној што бесрамно и со љубопитство не се интересира за туѓите дела, тој вистински внимава на себеси.
Внимавајте на себе! Очите што се похотливи и лукави не ги гледат своите падови, туку туѓите. Тие, додека своите гревови не ги забележуваат, на малите грешки на другите гледат со целосна јасност и внимание. За своите дела не сакаат да знаат, а другите ги обвинуваат. За туѓите грешки горат од ревност, а за своите се студени. Користејќи ги зборовите Господови можеме кратко да кажеме: Тие својата греда не ја чувствуваат, а во другите ја гледаат раската (Мат. 7, 3).
Кога братот го навредува својот брат, тогаш се наоѓа во пламен. Кога греши кон ближниот, тој не владее со себе. Тој самиот себе не се познава и му е туѓо човекољубието. Ако некој не сострадува со својот брат и не му помага, ако не го лекува братот со трпение и не го исцелува со простување, тогаш тој самиот не е здрав, туку е болен и немоќен, бидејќи таквиот во себе нема милост.
Залудно човекот мисли дека е грешен, а со омраза се одмаздува. И ти утре ќе згрешиш против оној, кој сега згрешил против тебе, и ќе ти суди оној што претходно бил виновен против тебе. Ако ти тогаш си му простил и тој сега ќе ти прости.
Прости му на оној кој згрешил, прости му на оној кој се кае, за и ти кога ќе погрешиш, на твоето милосрдие да му биде возвратено, а не подарено. Кој му простува на другиот, тој се ослободува од маки, тој го избегнал судот и предвреме си подготвил простување, уште пред и самиот да погреши.
Преподобен Теодор Санаксарски