Господи! Твоето име е Љубов: не отфрлај ме мене, заблудениот човек. Твоето име е Моќ: зајакни ме мене, немоќниот и паднатиот. Твоето име е Светлина: просветли ја душата моја, потемнета од житејските страсти. Твоето име е Мир, смири ја мојата возмутена душа моја. Твоето име е Милост: не престанувај да ми простуваш.

Средствата кои ја зајакнуваат христијанската надеж се: молитва – а особено честото и искрено молитвено исповедање на сопствените гревови, читање на словото Божјо и особено честото причестување со светите и животворни Тајни на Телото и Крвта христови.

Извадок од книгата
Како да достигнеме светост
Св. Јован Кронштадски