Многу треба да внимаваме на намерните гревови, бидејќи нашата намера е онаа што Бог ќе ја проверува. Гревови кои ги правиме од невнимание се полесни. Извесните гревови се гревови, но се судат помалку строго.
Некој, на пример, ќе тргне некаде без намера да згреши, но го напаѓа ѓаволот и тој паѓа во грев. Се кае, се труди но повторно му поставуваат стапица, и тој иако немал намера да стори нешто лошо, кутриот, повторно паѓа и повторно се кае. Тој има олеснување, затоа што не сака да прави зло, туку е наведен на зло и потоа се кае.
Меѓутоа, оној што вели: “За да го добијам тоа, треба да ја сторам оваа неправда”, и така намерно и свесно греши.
Значи подготвува свој грешен план и со ѓаволот планира каков грев ќе стори.
Тој не паднал во искушение, туку има намера да прави нешто заедно со ѓаволот. Таквиот човек никогаш нема да добие помош, бидејќи не заслужува да добие Божја помош и на крајот умира, не покајувајќи се.
Извадок од книгата
Совети за спасение во денешниот свет