Драги мои, не велам дека сега или подоцна ќе започне или нема да започне прогонството, бидејќи, всушност, христијанинот треба секогаш да биде подготвен за својот крај. Но, кога Бог ќе  покаже јасни знаци преку кои не известува некако да нè подготви, а ние не ги земаме во предвид, тоа значи дека сме достигнале до лудило на страстите во кои веќе не можеме да разликуваме што е добро а што е лошо . Слепилото од страстите што ја имат обземано оваа генерација е толку големо што дури и да видат бомбашки напади под нивниот нос, пак нема да се присетат на самите себе и да се покајат. Затоа што, Господ ги затвори нивните очи, за да не можат да гледаат, и нивните уши за да не слушаат. И тоа, заради нивната навика во страстите. Се сеќавам дека и  во мое време, за време на Втората светска војна, бевме на фронтот и се боревме лице в лице со непријателот  соочувајќи се со смрта, а зад нас, на еден километар, се забавуваа до лудило. Селанецот со шише ракија  умираше под креветот. Офицерите заедно со земјоделците, војската и војниците, сите  настојуваа во  забавата а малкумина беа кои размислуваа за своите души, како да се покајат барем во единаесеттиот час.

Старец Јустин Парву

.