Она што е ново во Новиот завет е и тоа што луѓето добиваат ново разбирање за Бога: тој не е црковно-ритуално божество. Тој е со нас во секојдневниот живот, како на пример на свадбата во Кана Галилејска.

Ова е тешко да се разбере. Многу е поедноставно, кога само со одење во храмот му се дава на Бога должна почит, а потоа, по излегувањето од храмот да се вратиме на стариот начин на живот. Иако Светото писмо не дава никаква причина за такво разбирање на работите. Сè почесто православните го доживуваат Богa како црковно божество, а причестувањето како црковна побожност.

Светата причест е „скромна“, ненаметлива, секојдневна „двостраност“ во односот меѓу човекот и Бога, слично на она што секој човек го знае преку комуникацијата со своите најблиски. Главната работа е заемната желба еден за друг. Човек во душата се обраќа кон Бога: „Господи, јас сум тука“. И веднаш како одговор чувствува, дека Господ зборува: „И јас сум тука…“.

Првиот и најважен критериум за контакт со вистинскиот Бог е кога човекот ќе престане да ги осудува другите. Кога со целото битие ќе почувствува дека е слабо паднато суштество, но дека Бог го сака и почитува. Затоа, Бог постапува со другите на ист начин. Тогаш како можеш да судиш некого?

Што се однесува до самоосудувањето, во очитена „црковното божество“ ниесмесекогаш виновни: не читаме, не одиме, не исполнуваме, потоа се измачуваме поради тоа, па поради тоа ја проучуваме нашата вина „под микроскоп“. Ова веќе влегува во областа на психологијата, бидејќи нема врска со Господ. Кога некој е со вистинскиот Бог, обично премалку мисли за себе. Знае само, дека со правење грев се лишува од благодатта на двонасочното заедништво и му се одзема животот. Човекот е толку слаб, што е жив само поради односот со Бога. Тој е свесен за оваа своја слабост секоја секунда и затоа нема потреба да се тепа или да се самосожалува.

Како што стареев, научив да кажам не. Од 1995 година работам со социјално загрозени лица во парохијата.  Долги години не можев да разберам каде е границата преку која сочувството преминува во поттикнувањена зависност од дрога или алкохол. На пример, имавме работник, добро момче, но алкохоличар. Се деградираше и деградираше сѐ повеќе и повеќе, па мораше да се разделиме со него. Неодамна повторно дојде и приреди „претстава“. Падна на колена, велејќи: „Во името на Христос Бог, те молам оче, не можеш да го занемариш името Христово. Да ме вратиш назад повторно“. Таквите луѓе се добри актери и психолози, си играат со вашето чувство на вина. Ги слушаш што зборуваат за себе: прекрасни се, чудесни, цел свет е против нив, жената му го зеде станот, му го украдоа пасошот… Ќе ви речат дека ако не ги прифатите сте го протерале самиот Христос. Но, не, нема да земам таков човек, со него пробав сѐ, а морам и да размислувам за општото добро. Во оваа смисла, со годините станав построг.

Но, сега Бог ми даде да им судам на луѓето многу помалку отколку на почетокот на мојот црковен живот. Тогаш сите беа недоволно побожни за мене – свештеници, епископи. Никому не му простив ниту најмала „црковнаслабост“.  Фала му на Бога што тоа помина, а попустливоста и сочувството се зголемија.

Игумен Петар (Мештеринов)