МУДРОСТ

(на Старец Прокл)

 

Ми велиш умносрдечно помоли се,

но кој ќе ми ги слушне молитвите

ако пчелите деноноќно плачат на дождот.

 

Ќе ме услиши ли Сонцето

да ги возљуби Сончогледите,

ќе ги удостои ли со милостив поглед,

со копнежен збор и прошка.

 

Ми велиш, спиј кротко,

а го оставив сонот на полјаните

пчелите да го испасат за да го немам,

оти ми ги возмутува мислите

ми ги одзема последните иљачи,

последните булки на радост.

 

Не мудрувај, ми велиш,

а ме зарази со мудрост до заборав.

 

И те послушав во мракот.

Додека се думаш што да ми премолчиш

јас липам под липите во очај,

молејќи се да не ме одмине зборот

на твоето молитвено љубење.

Наташа Васлевска-Трајчевска