Не барај правда на земјата… барај ја во себе. Ќе ти раскажам една приказна:

Живеела Правдата на земјата. Ѝ било многу тешко: каде и да се појавела, каде и да отишла – од секаде била протерувана, секогаш за неа немало место, на сите им пречела. „Ќе отидам – си мислела Правдата – поблизу до храмот Божји, ќе влезам на тоа место“.

Дошла, застанала, но и во самиот храм почнале да ја туркаат: „Не стој овде, тоа е моето место“, „Не оди таму – таму е за почесните, за побогатите“… Се приближила Правдата кон амвонот, но и овде за неа немало место… Влегла во самиот олтар, застанала покрај Престолот… И еден ѝ рекол: „Јас сум постар“, а друг пак ѝ вели: „Јас сум со повисок чин, јас сум позаслужен, јас сум повеќе учен – овде треба јас да стојам“ И ете, дури и таму Правдата не нашла прибежиште за себе.

Не барај Правда… Царицата Небесна, која е Почесна од херувимите и Пославна од серафимите, зарем не видела околу Својот Божествен Син неправда, клевета, лага, несправедливост, со кои му платиле на Спасителот за Неговите безбројни добри дела и чудеса? Но, сепак, Таа молчела! Таа никого не прекорила, никого не осудила. Ете, како се однесувала Пречистата кон неправдата во овој свет!

Старец Михаил Питкевич