Не противете се на волјата на своите родители, не огорчувајте ги.

Спомнувајте си за трудот на вашиот татко и никогаш не заборавајте ги маките на вашата мајка. Секогаш имајте ја пред себе нејзината деноноќна грижа за вас, кога сте биле мали и нејаки. Колку ли обврски имала таа, колку ли непријатни работи трпела за вас? Ако сега вие помислувате да ја огорчувате својата мајка, тогаш подразмислете колку Господ ќе биде милостив кон вас, кога вие сте немилосрдни кон своите најголеми добротвори?

Како Бог да ја смири вашата душа, кога таа во немир живее со вашите родители?

Затоа ве молам, ако навистина го сакате спасението на својата душа, тогаш, секој пат кога од вас ќе бидат огорчени вашите родители, вие сте должни некаде насамо да им се поклоните пред нозете и сто пати да побарате милост и прошка од Бога за себе.

Jеросхимонах Стефан Вјатски