А вије се надеате на курбани што колете на Атанасовден, со тоа да угодите Богу. А не знаете еле тија курбани идолска жертва, еврејска жертва, а не христианска. Тој христианин што коле курбани не ест христианин, токо ест Евреин или идолопоклоник, и тој свјаштаник што поет на глава на овенот со свеќа запаљена лаже за добитка, за пара, за месо, а у закон христијанскиј немат писано поп да чати на овен, а христиани да колет курбан. Немојте, христиани, не колите жертва кровна, зашто имаме бескровна. Видите како пише Дух Свјатиј низ уста пророку Давиду во псалом 49, стих 13, велит: „Еда јам маса јунача или крв козлов пију? Пожури Богов жерт хвали и прииму от дому твоего телцов, ниже воздажд вишењему молитви твоја“. (Зар Јас да јадам јунешко месо и да пијам крв јарешка? Принеси Му на Бога благодарствена жртва и на Севишниот молитвите свои упатувај Му ги). И велит: „Не прииму от дому твоего телцов, ниже от стад твоих козлов“. (Не примам од домот твој телиња, ниту од стадото твое јариња).

Ето како велит Бог низ пророкова уста во тој псалом, Евреи дајма го чатат, зашто Псалтир и они чатат, зашто мије от Евреи го зехме.

Ама мије разбирамо што вели, зашто сме крстени Духом Свјатим и што извадил Псалтир, тој Дух нас вразумует да разберемо хубаво, зашто сме крстени во името Свјатаго Духа и Отца и Сина Свјатија Троици. Они нас научили да тоја познавамо, а Евреи им се окаменело срдце пошто сат некрстени, и онемеле и оглухнале, а Бог да им викат да чуат они не чуат, и за тоа Бог ги назива Чифути а нас назива новиј Израил, сиреч: нови Евреи, зашто на псалом 49, стих 7, велит: „Услишите, људие мои, и возглагољу ко Исраиљу и засвидетелствују вам“. (Чуј, народе Мој, и Јас ќе ти говорам, Израиле, ќе сведочам против тебе).

Сведетелство ќе печет шаитлк. Бидиш ли со шаитлаци Бог сакат да им анлатири, шајтлаци божии хилјада, ама кој не разбира нема фајда. Курбан остана от Авраама, а просфор и вино остана от Мелхиседека. И види кој ест поголем? Види како Бог прати Авраама да се благослови от Мелхиседека, зашто он беше свјаштенник Бога вишњаго и неговиот курбан беше магбул пријатен пред Бога, зашто беше от леб и от вино, а не от месо и от крв како Авраамовиот. И Бог го постави Авраама отца, а не свјаштенника, и то отца јазиков а не Евреев: Евреи ни отца имаат ни свјаштенника, зашто не прават курбан со вино, токо со крв и со месо како пци на касапница, и затоа во овој псалом им го неќе Бог курбанот Авраамов што го чинат они, а во другиј псалом велит: ќе поставим другога попа над вас, а не Авраама. 3ашто и Авраама другиј го благослови. 3ато велит Бог томуа попу, сиреч Христу своему во псалом 109, стих 4: „Ти иереј во век по чину Мелхиседекову“, а не Авраамову. И види Авраам ли е поголем или Мелхиседек, и види кој кого благослови!

Отец Кирил Пејчиновиќ