Во љубовта Божја успевајте, на неа учете се, со неа дишете. Бог е љубов, и кој во љубовта се наоѓа, тој е во Бога и Бог е во него. И во тажниот живот се живее слатко со Божјата љубов. Ништо не говорете без благочестиво расудување, без благочестиви цели. Спасението не се состои во многу зборување, туку во совршено внимание на себеси.

Избегнувајте спорови: тие го вознемируваат срцето, и нѐ лишуваат од спокојна состојба на душата. На секоја бесмислена мисла спротивставете ѝ се со Исусовата молитва. Не верувајте им на предрасудите.

Сомневањето не е христијанско својство, и затоа немојте да го усвојувате. Мудрост, непорочност и внимателност од нас, преку Светото писмо, бара самиот Бог: „Бидете мудри како змии, и кротки како гулаби“. Секогаш држете се до средината, зашто крајностите никогаш и за никого не се пофални.

Спасувајте се со принудување на себеси кон доброто. Секогаш бидете предадени на волјата Божја, која што е спасителна за сите нас.

Старец Агапит Воинов