Во житијата на светиите се среќава името на денес малку познатата света маченичка Фауста (почеток на IV век). Таа, на многу млада возраст, на само 13 години, била предадена на мачења поради верата Христова. Царот му наредил на мачителот Максим да го излее над светителката сиот ужас од неговите мачења. И среде суровите маки, Фауста, спротивно на очекувањата на насобраниот народ, само му се заблагодарила на Бога и кротко се молела за својот мачител, кажувајќи ги следниве зборови: „Те молам, Господи, возљуби го Максим, просветли го со верата и утврди го во Твојот страв“. Оваа кротка молитва и желба за доброто на својот мачител толку го погодило неговото срце, што и самиот Максим поверувал во Христа и заедно со света Фауста го примил маченичкиот венец. Така, љубовта и смирението секогаш завршуваат со духовна победа.

Затоа, ако видите дека околу вас зовриваат страстите, и дека ве гледаат со гнев, и дека луто се испраќаат на вашата адреса или дека ве клеветат, не подлегнувајте на поривите на сопствената резигнација. Ако вашите противници сакаат да изгорат во огнот на сопствените страсти, во пламенот на сопствената огорченост, тогаш барем вие самите не влегувајте во тој оган. Со мирна молитва во душата, со сочувство кон огорчените, држете се настрана од овие страсти. Кој знае, можеби вашата молитва, како обилна и чиста вода ќе го изгасне огнот, по што сожалувањето и покајанието ќе испливаат во душите на непријателите.

Свештеник Валериј Духанин