Господ од прав го создал човекот, но нѐ љуби како Свои родени деца и желно нѐ очекува. Господ толку многу нѐ возљубил што заради нас се воплотил и ја пролил Својата крв.
Со неа нѐ напојува и ни го дарува Своето пречисто Тело, така што сме станале деца Негови, од Телото и Крвта Негови. По Телото станавме слични на Господа како што децата личат на својот татко, независно од возраста. Духот Божји сведочи на нашиот дух дека вечно ќе бидеме со Него.

До солзи ми е жал за луѓето што не Го познаваат Бога и Неговата милост. Нам Господ ни се покажал Себеси преку Светиот Дух и ние живееме во светлината на Неговите свети заповеди.

Чудна работа е тоа. Благодатта ми даде да разберам дека сите луѓе кои го љубат Господа и ги чуваат заповедите Негови, се исполнети со светлина и слични се на Господа. Оние, пак, кои се противат на Бога, исполнети се со мрак и слични се на ѓаволот.

Ова е природно, бидејќи Господ е светлина и ги просветлува слугите Свои, а оние што му служат на ѓаволот, добиваат темнина од Него.

Извадок од книгата
Старец Силуан