СОНЦЕТО ПОСЛЕ ДОЖДОТ
Сшиеш ли несонице?!
Ти ги чуствувам воздишките што не умееш да ги прикриеш.
“Спиеш”…
А сакаш да го видиш виножитото?!
Сакаш да ги вкусиш благите бои небесни,
И да те стопли таа небесна убавина, сакаш!
Па, не спиј кога врне,
Иако сонот најсладок е, на исонот од капките дожд.
Издржи го дождот, со очи отворени,
И секоја бура што со него може дојде,
Како војник на стража неуморен.
Сокриј се под мишката на оној кој те љуби,
Кога молњата светла на небото гори,
И кога едното на две неба го распарува.
Издржи го дождот.
А кога ќе се појави, впери ги очите
И размешај ги боите на животот, кои во виножитото се даваат.
И создај дело,
Соделај со Делотворецот, дело налик тебе и мене.
Не со наведната,
Но како сончоглед со крената глава,
со поглед кон сонцето, кој се радува.
Така и ти,
Со насмев пречекај Го,
Сонцето твое што по дождот веднаш огрејува.
29.01.2021