Кога од Бога добиваме милост – ликува нашето срце; но понекогаш тоа станува тажно.

Со што да му возвратам на љубовта заради љубов, каде да ја најдам таа светост, таа нежност, таа способност во сета природа и да се повикам на милоста Божја?

И тогаш, иако знаеме дека секој од нас е слаб и немоќен во љубовта, сепак можеме да размислуваме за Мајката Божја. Таа, во името на сите нас одговорила со совршена вера, со надеж која никогаш не се колеба и со љубов која е толку широка, што преку неа успеала да ги прегрне небото и земјата, успеала да се отвори во љубовта, за во неа да се воплоти Синот Божји, и на тој начин Бог да се отвори кон луѓето, па сите ние, па дури и најгрешните, да можеме нејзе да ѝ пристапиме и да добиеме милост.

Таа е одговорот на сета земја, таа е одговорот на сета вселена кон љубовта Господова.

Митрополит Антониј Сурошки