Ако се случи да се молиш на Бог, а твојата прозба не е веднаш услишана, немој да тагуваш, ти не си помудар од Бога. Ова Ви се случило или ако не сте достојни за да ја добиете Вашата молба, или затоа што чувствата во Вашето срце не се во согласност со Вашите молби, или затоа што сè уште не сте го достигнале потребниот степен за да може да Ви се даде она што сте го побарале. Затоа што не смееме предвреме да бараме многу за себе, за да не би Божјиот дар се понижи ако се добие пребрзо, бидејќи нештата што бргу се добиваат, бргу и се губат. Но сè што се стекнува со болка во срцето се чува и негува со најголемо внимание и посветеност.

Жедни за Христа, за да Ве напие со Својата љубов. Избегнувајте ги пријатните работи во сегашниот живот, за да бидете достојни Божјата милост да владее со Вашето срце. Воздрежете се од нештата кои ги гледаат Вашите очи, за да се удостоите со духовна радост.

Ако твоите дела не му угодуваат на Бога, тогаш не барај од Него славни и големи нешта, за да не изгледа дека го исмеваш; зашто твојата молитва и твојата молба мора да бидат во согласност со твоето однесување, бидејќи што човек не може – сè додека е врзан за земните нешта – да бара небесни работи, ниту пак некој кој е преокупиран со работите на светот може да бара божествени работи. Бидејќи желбата на секого може да се препознае од и во неговите дела, и за она за што ќе покаже интерес најсилно ќе се бори и моли. Освен тоа, оној што сака и посакува високи нешта, не се преокупира себеси со понизност.

Станете слободни и покажете му ја на Христа слободата на Вашата послушност додека сте сè уште во Вашите тела.

Бидете разумни со својата кроткост, за да не Ве грабнат демоните.

Сакајте го смирението во сите Ваши дела, за да се ослободите од скриените стапици на непријателот во кои се сопнуваат најмоќните.

Не ги избегнувајте неволјите и тагите бидејќи низ нив се доаѓа до сознанието на вистината.

Не се плашете од искушенија бидејќи низ нив ќе дојдете до највредното.

Молтете се за да не дојдете во искушение на душата, но исто така подгответе се со сета своја сила против искушенијата на телото, бидејќи без искушенија никој не може да му пристапи на Бога, зошто божественото се наоѓа во искушенијата, а кој ги избегнува искушенијата, бега од доблеста. Под „искушенија“ тука не мислам на желбите, туку на неволјите.

Извор: Аскетски зборови на Авва Исак Сирин