Прекумерно страдаш, затоа што во своите мисли си ги зголемуваш неволјите, а тие не се толку големи како што ти самиот си ги претставуваш, бидејќи се многу краткотрајни, минливи и ништожни.
Не треба да се верува на секоја гласина, дури и ако некоја од нив лично сте ја слушнале, зашто човекот говори од своето срце и од своите помисли, и сето тоа честопати може да биде лажно, непостојано и суетно. Само за еден час можат да претрпат измена и срцата и мислите човечки, кои мечтаат за земните задоволства!
Во небесниот урок овие задачи се целосно исклучени.
Прва лекција во книгата на животот е верата, со неа може и планини да се поместуваат; втора е надежта, која упатува кон Господа, Кој, пак, спасувајќи го Петар среде бурата, кротко го разобличи неговото маловерие: „Зошто се посомнева“? Третата лекција е љубовта, која никому не мисли зло и која никого не го отстранува од Господа.
Еве, во овие три лекции се состои сета небесна наука!
Старец Георгиј Задонски