– Правам сѐ за да бидат среќни моите деца.
– Да?
– Работам една или две работи. Им обезбедувам сè облека, храна, курсеви за дополнително учење, и што и да сакаат. Можеби прилично сум отсутен од дома, можеби не ги гледам доволно, но знам дека не се гладни. Не би сакал ништо да им недостасува.
– А што ако ти им недостасуваш? Дали некогаш си размислувал за тоа? Велите дека правите сè за да ги направите среќни, но дали некогаш сте ги прашале што навистина би ги усреќило? Дали сте ги погледнале в очи и сте ги прашале „Што ви дава вистинска радост?“ Бидете сигурни дека би ви одговориле „Нашата радост е вие да бидете среќни…“.
Нема среќни деца без среќни родители.
Нема среќни деца таму каде што нема љубов и животна радост.
На децата им е потребен пример од животот кој ќе ги одржува јаки и обединети во страшните животни тешкотии, а тоа се радоста, верата и надежта на нивните родители.
Пред некој ден читав интервју на еден млад актер кој рече „Мајка ни сама нѐ одгледа, во нашата куќа секогаш немавме многу храна, но имавме многу радост. Во нашата куќа немаше беда“.
Вашите деца нема да бидат среќни само ако се сити.
Ќе бидат среќни ако разговарате и си играте со нив, ако ве гледаат паметни и силни, ако им дадете вредности и идеали во кои треба да веруваат, ако имаат среќни личности покрај себе. Бидете им херои на вашите деца, а не пример кој би сакале да го заборават или да го избегнат.
Бидете оние кои ќе им ги исполнат срцата, а не ормарите во домот.
Извор- https://www.cudo.rs/%d0%be%d1%82%d0%b0%d1%86-%d1%85%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b1%d0%be%d1%81-%d0%bf%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%be%d0%bf%d1%83%d0%bb%d0%be%d1%81-%d0%bd%d0%b5%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d1%80%d0%b5/?fbclid=IwAR1pWatYunzx9TzEkcCy8dUoveJsPz7EGp5Uvf0Gl_9q_1sCLGAlESrNpVY