Вечерна

Темјанот од вечерната на Небото,

ја стопли мојата душа.

Молитви испаруваа во сите бои на белото,

барајќи средба за спокој.

Имаше музика или немаше – не помнам,

но ритамот ги движеше тие мали воздишки кон сонцето,

радувајќи го.

Падна темносината завеса

криејќи ги коњаниците кои ја најавуваа ноќта.

Еј птици,

сведочевте полнота во една празнина што бара љубов!

Сведочевте раскрилени

барајќи го својот поглед

во мигот што догоруваше.

 

Закавалувам кон планината

барајќи го пак истото Небо.

Се е тука освен езерето,

кое испарило во прегратка

лечејќи повредена солза на мало дете.

 

Панче Ќосев