Петар Мамонов, познатиот руски актер кој ја играше главната улога во филмот „Остров“ во режија на Павел Лунгин, денес живее повлечено во селото Јефаново во Верејскиот крај во близина на Москва. Тој поминува повеќе време молејќи се на Бога отколку што разговара со луѓето.

Еве неколку негови интересни размислувања:

– Направете некому нешто добро, без никаква корист, но тоа нека биде секој ден. Бидете цело време во плус, во позитива. Ќе видите како вашето срце ќе оживее! Може да се живее сосема поинаку.

– Поставете си едно прашање: „Зошто живеам?“. Единствено само тоа запрашајте се. Мислам, ако на никој не му било добро што јас денес живеев, мојот ден ќе биде залудно потрошен.

– Љубовта не е чувство, таа е добродетел. Кога ја чиниш туку така, кога на некоја баба во метрото ќе ѝ отстапиш ​​место за седење… љубовта, без оглед на тоа колку ја примаме, е количина на доброто што го правиме. Кон неа не мора ништо да чувствувате, треба единствено да се дејствува, да се работи.

– Лесно е да се каже – тешко е да се направи. Тешко! Но, ако работите напорно, сфаќате дека едноставно нема друг начин на живот и тогаш успевате.

– Според мене, светител се разликува од грешник по тоа што научил да љуби.

– Ако сме направиле 9.100 чекори подалеку од Бога, а само со еден чекор сме се приближиле кон Него, тогаш всушност, се движиме.

– Нè интересира како е во Бангладеш, како е во Јапонија по земјотресот. За каков земјотрес станува збор?! Секој од нас има земјотрес во својата внатрешност. Човекот тоне во реката. Тој вреска за помош, а тие му велат: „Знаеш, во Јапонија…“

– Ако правиш добро и тоа им го откриваш на луѓето, тогаш доброто не се ни случило.

– Имаат право: во гробот нема џебови. Она што си го собрал во душата, со тоа и ќе си легнеш! Човековиот живот е како воздух. Човекот има почеток и нема крај! Сфаќате колку е интересно!