И влезе Илија во една пештера и ноќеваше во неа.

И, ете, би кон него слово Господово, и Господ му рече: „Зошто си овде Илија?“

Тој одговори: „Пламнав од ревност за Господа – Бога Саваот, зашто Израилевите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа тие сакаат да ја земат.“

Тогаш Бог му рече: „Излези и застани на гората пред лицето Господово; и, ете, Господ ќе помине, но и голем и силен ветар кој ридови урива и пред Него карпи соборува; но не е Господ во ветрот;

по ветрот иде земјотрес, но не е Господ во земјотресот;

по земјотресот настапува оган, но не е Господ во огнот;

по огнот доаѓа здив од тивок ветар, ете таму е Господ.“

Кога го слушна ова, Илија си го сокри лицето со својот плашт, а потоа излезе и застана пред влезот на пештерата.

Трета Книга Царства (19, 9-14)