ПОБОЖНОСТА СЕ ПРЕНЕСУВА

Отците велат дека за да ја стекнеш побожноста е потребно да живееш или да се дружиш со побожни луѓе и да живееш и да се однесуваш онака како што живеат тие и онака како што се однесуваат тие.
Свети Пајсиј Велики, прашан во една прилика за тоа како се стекнува Страв Божји, одговорил:
– Појди, придружи му се на човек што има страв Божји, а тој со својот пристап ќе те поучи и тебе да се боиш од Бога.

Движењето и однесувањето, односно целокупниот живот на побожниот човек се пренесува како мирис на другите, секако, кога тој човек има добро настроение и смирение. Ќе ти го кажам уште и ова: ако човек нема побожност, тој нема ништо.
Побожниот човек секоја светиња ја гледа чисто, ја гледа таква каква што е, дури и ако не е образован.

Тој е како детенце кое нема лоши помисли за своите родители затоа што ги сака и почитува, и сето она што го прават тие го гледа како добро и чисто.

Извадок од книгата
Духовно будење, Старец Пајсиј Светогорец