Гонењата и тагите се полезни за нас, тие ја утврдуваат нашата вера.

Да земеме за пример еден светител, кој се наоѓал во ситуација слична на нашата и постојано да се потпираме на неговото сведоштво. Сите светители страдаа затоа што одеа по патот на Спасителот, Кој и Самиот пострада: беше прогонуван, руган, клеветен и распнат. И сите кои Него го следат, неизбежно ќе страдаат. „Во светот ќе бидете натажени.“ И сите што сакаат да живеат благочестиво, ќе бидат гонети. Кога пристапуваш да се трудиш во Господа, подготви ја твојата душа за искушенија. За полесно да ги издржиш страдањата, треба да се осоколиш со силна и врела љубов кон Господа, да не се приврзеш кон ништо земно, и целосно да се предадеш на волјата Божја.

Потребно е сè она што е лошо, вклучувајќи ги овде и страстите кои се борат против нас, да не ги сметаме за свои, а да ги гледаме како нешта кои доаѓаат од ѓаволот, од нашиот непријател. Тоа е многу важно. Само тогаш имаме шанса да ја победиме страста – кога нема да ја сметаме за нешто свое.

Секогаш помнете го законот на духовниот живот: ако се смееш на некој недостаток кај друг човек и за тоа го осудиш, во иднина и тебе ќе те снајде таквата судбина, и ти ќе страдаш од истиот недостаток.

Ние православните не смееме да ја поддржуваме ереста. Дури и да нè спотераат и малку страдања, православието нема да го оставиме.

Преподобен Никон Оптински