Покајанието е обновување на крштението. Покајанието е договор со Бога за втор живот.

Покајникот е купувач на смирението. Покајанието е постојана недоверба во телесното удобство.

Покајанието е себеосудувачко размислување и безгрижна грижа за себе самиот.

Покајанието е ќерка на надежта и одрекување од очајот. Покајникот е непосрамен осуденик.

Покајанието е помирување со Господа преку правење на добри дела спротивни на гревовите.

Покајанието е очистување на совеста. Покајанието е доброволно истрпување на сите болки.

Покајникот е предизвикувач на сопствените казни.

Покајанието е жестоко прогонување на стомакот и поттикнување на душата за крепка совесност.

 

Св. Јован Лествичник