Боже мој, имам срам и страв ми е да го покажам лицето мое пред Тебе, зашто безаконијата се натрупаа над нашата главата, и вината ни нарасна до небесата.

Од дните на татковците наши до денес, ние сме во голема вина, и поради нашите беззаконија бевме предадени заедно со царевите и свештениците наши во рацете на другоземни цареви, бевме предадени на меч, во пленство, на грабежи и навреди, како што е токму сега.

И ете, по малку време, ни се дарува милост од Господа нашиот Бог, Кој ни даде спасение и нѐ остави да се утврдиме при местото на светињата Негова; ни ги просвети очите нашиот Бог и ни даде малку да здивнеме од ропството свое.

Ние сме робови, но и во ропството Бог не нѐ остави. Он ја приведе кон нас милоста на персиските цареви, за да се соживееме, да го подигнеме домот на нашиот Бог, да го обновиме од неговите урнатини и да го оградиме во Јудеа и во Ерусалим.

А сега, што потоа да кажеме, Боже наш? Зошто ние отстапивме од Твоите заповеди што ни ги даде преку пророците – Твоите слуги, велејќи: „земјата, во која одите за да ја завладеете, е земја нечиста; таа е извалкана од нечистотиите на другоплемени народи, кои со своите гнасотии ја наполнија од крај до крај.

Затоа не ги давајте ќерќите свои за синовите нивни, и ќерќите нивни не ги земајте за синовите свои, и не барајте го нивниот мир, ниту благата нивни, за да се утврдите и храните со благата на таа земја и да ја предадете во наследство на синовите свои довека.

По сѐ она што нѐ снајде поради нашите лоши дела и поради големата наша вина  –

не според беззаконието наше Ти Боже нѐ поштеди, и ни даде такво избавување –

зарем повторно ќе ги нарушиме Твоите заповеди и ќе влегуваме во родство со таквите одвратни народи? Нема ли да се разгневиш на нас и да нѐ доведеш до погубување, па да нема живи ниту да има спасени?

Ти си праведен Господи, Боже Израилев! Ние до денес бевме нажалени; и со своите беззаконија не смееме да излеземе пред Тебе, макар што такви не треба да стоиме пред Твоето лице.”

Прва книга Езрда (9, 6 – 15)