ПОСТИШ ЛИ БЕЗ ДА САКАШ?

Ако сето она што го правиме за време на постот не е заради љубовта кон Христа, тогаш нашиот пост навистина станува мачење и неподнослива мака, и уште предизвикува чувство на иритација и гнев во нашето срце.
Ако жртвата што ја принесувате на Христос во форма на молитва, постење, милостина, покајание, е насилна, принудена, тогаш нема да ја достигне целта.

Сите овие работи не се задолжителни затоа што каноните на Црквата така кажуваат. Каноните се манифестација на срцето, кое го сака Христос. Сфаќајќи ја нашата слабост, сфаќајќи што чувствувале светителите, исполнувајќи го сето ова, ние се обидуваме да ги имитираме, за да можеме да го допреме нивниот дух.
Кога сакаш, не се изморуваш да го правиш тоа. Кога сакаш, се принесуваш себеси како жртва. Мајка, кога ги сака своите деца, својот сопруг, се изморува од купувањето, од разни грижи, но загледајте се во нејзиното лице – ќе видите само радост и среќа и среќа. Ако нема љубов, дури да и побарате чаша вода – таа е мрзелива, не сака да го стори тоа, и се уморува.
Тоа е тајната на Великиот пост.

Постиш неволно? Не го прави тоа тогаш. Ако постиш со маки, со негодување, ако се присилуваш без слободна волја, тогаш навистина ќе се разболиш, бидејќи постот е лишување, подвиг. Но, кога постиш со љубов, Господ ќе ви даде многу духовни витамини.

Извадок од книгата
Христос е слобода