Да не ѝ се предаваме на потиштеноста, кога ќе нѐ обземе. Тогаш, утврдени и заштитени од светлината на верата, со голема храброст да му речеме на духот на злобата:

„Што си ни ти нам, ти си оној кој е отфрлен од Бога, бегалец од Небесата и роб на злото! Не осмелувај се да ни направиш нешто: Христос, Синот Божји, има власт над сите и над сѐ. Остави нѐ, ти си дел од пропаста. Ние сме цврсто направени од материјалот на Неговиот Крст.

Змијо, ние ти ја газиме главата!“.

Св. Серафим Саровски