По својата содржина Исусовата молитва е многу еднолична, постојано: помилуј и помилуј. Но, ниту една молитва мене не ме поставила толку директно пред Божјото лице, како таа молитва…

Другите молитви сите имаат своја содржина: утрена молитва, вечерна, итн. Кај оваа молитва соржината е една: помилуј ме! Таа го поттикнува човекот да стои пред лицето на живиот Бог со чувство на покајание и тоа е сѐ. Но, тоа стоење пред Господ со чувство на покајание дава многу: тоа ми го дава она, што ми е најпотребно, а тоа е свест за мојата вина пред Бога. Јас стојам пред Господ со чувство на вина и тоа прави Бог да ми биде многу близок. Зар не? Никаква друга молитва не може да ја замени Исусовата молитва. Таму ние молиме за други потреби: „лебот наш насушен дај ни го денес“ и др. А во оваа молитва ние само стоиме пред Бога со свест за нашата недостојност, а тоа и е она главното што се бара од нас.

Во тоа се содржи силата и значењето на Исусовата молитва. Но, другите, сите се насочени кон задоволување на некои потреби, или потреби на нашите ближни. Само Исусовата молитва исклучиво се однесува на спознавање на својата недостојност пред Бога и нѐ учи на правилен однос кон Него. А тоа е најважното, бидејќи обично кај нас, тоа го нема. Ние постојано нешто измолуваме: здравје, успех во работата и сл. Зар не е така? И, ете, Исусовата молитва нѐ учи на најважното и најпотребното, таа нѐ учи правилно да стоиме во однос на Бога, да ја сфатиме Неговата светост и нашата беда, и да се смируваме.

Јеросхимонах Сергеј