Да не се враќаме на гревовите што веќе сме ги исповедале. Сеќавањето на гревовите боли. Дали побаравте прошка? Тоа е тоа, готово е. Бог простува сè преку исповед. Не смееме да се вратиме назад и да очајуваме. Да бидеме понизни слуги пред Бога. Да чувствуваме благодарност и радост поради простувањето на нашите гревови.

Не е здраво човек претерано да се кае за своите гревови и да се бунтува против своето зло – јас до степен на очај. Очајот и разочарувањето се најлошото нешто. Ова е замка на сатаната за да го натера човекот да ја изгуб ижелбата за духовни работи и да го доведе во очај, во апатија и униние. Тогаш човек не може да направи ништо, станува неподобен. Си вели: „Грешен сум, беден, јас сум ова, јас сум она, не го направив ова, не го направив другото… Требаше тогаш, тогаш не го  направив, сега ништо не се случува… Залудно ми поминаа годините, не сум достоен“. Така тој создава комплекс на инфериорност, беспотребно самопонижување, за него сè е залудно. Знаеш ли колку е тешко тоа? Ова е лажна понизност.

Сите овие се знаци на очај на личност која била опседната од сатаната. Човек стигнува до таму да не сака ни да се причести, мисли дека е недостоен за сѐ. Тој се обидува да се понижи себеси, своите постапки, станува неподобен. Ова е стапица што сатаната ја поставува за да го натера човекот да изгуби надеж во Божјата љубов. Тоа се страшни работи спротивни на Божјиот Дух.

И размислувам, да грешам. Не ми оди добро. Како и да е, што и да ме загрижува, го претворам во молитва, не го задржувам во себе, одам кај исповедникот, исповедај и готово! Да не се враќаме назад и да гледаме што не сме направиле. Важно е што правиме сега, од овој момент наваму. Како што вели Св. апостолПавле, „…Браќа, јас не мислам дека сум го достигнал тоа; но едно правам: го заборавам она што е зад мене, а се стремам кон она што е пред мене“ (Фил. 3:13).

Духот на малодушност го нападна Апостол Павле, сакајќи да го оттргне од неговото тежнеење по Христа, но се храбрел и рекол: „…и јас веќе не живеам, туку Христос живее во мене“ (Гал. 2,20). А другиот: „Кој ќе нè одвои од љубовта Божја; тага ли, неволја ли, или гонење, глад ли, или голотија, опасност ли или меч? Како што е напишано: „Заради Тебе секогаш нè убиваат; нè сметаат како овци за клање“ (Рим. 8:35, 36). И св. Пророк Давид: „Јас нема да умрам, туку ќе живеам и ќе ги објавувам делата Господови“ (Пс. 117:17). Копајте во Светото писмо. Запомнете го тој прекрасен стих: „Ги сакам оние што ме љубат, и оние што ме бараат ќе најдат благодат“ (Изр. Сол. 8:17, според преводот на Септуагинтата).

* Од книгата Старец Порфириј Кавсокаливит – Живот и зборови, во издание на Словенско-бугарскиот манастир Св. Георги Зограф ВМЦ, Света Гора – Света Гора, 2007г.