Се сеќавате ли на социјалистот, епизодниот лик од „Злосторство и казна“? Он сите луѓе и сите нивни постапки ги толкува, сфаќа и објаснува преку „научни“ теории. Од ова ништо поапсурдно не може ни да се замисли.

Она што првично Достоевски генијално го насетил, сто години подоцна големиот лекар, психијатар и философ Јасперс, го направил да ни биде појасно и попрегледно.

Пред нас стои резонски и логичен пристап кон човекот. Но, навистина е катастрофално ако поверуваме дека човекот до крај можеме да го објасниме.

Ова останува тајна, но не тајна од некое полициско досије, туку е тајна на нашата личност која стои пред Бога.

„Човекот не се спознава себеси ниту од природата, ниту од историјата, ниту од самиот себе“ – Јасперс.

Само оној што вистински љуби еден човек, тој може и да го познава истиот тој човек.

Николај Берѓаев