Философијата е состојба на морална целовитост, во комбинација со учењето за вистинско познание на реалноста.
И Јудеите и Елините не го исполнија ова, затоа што ја отфрлија Премудроста, Која потекнува од Небесата и се обидуваа да философираат без Христа, Кој Самиот ја откри вистинската философија, како со Својот живот, така и преку Своето учење, односно преку Својот личен пример.
Тој нѐ научи дека вистинскиот философ мора да се откаже од сите житејски задоволства, да ги надмине и да стои повисоко од болките и страстите, и да посветува многу мало внимание на своето тело.
Тој не треба многу високо ниту да го цени сопствениот живот, туку да биде подготвен во секое време да го положи, кога тоа од него ќе го побара светоста.
Св. Нил Синајски