* Тројца отци имаа обичај секоја година да одат на разговор кај блажениот Антониј. И додека двајцата го прашуваа за помислите и за спасението на душата, третиот секогаш молчеше ништо не прашувајќи. По некое време ава Антониј му рече:

– Зар имаш толку многу време, па доаѓаш до тука и ништо не ме прашуваш?

А тој одговори:

– Доволно ми е да те гледам, отец.

 

* Неколку монаси го посетија авва Антониј и му рекоа: „Кажи ни како да се спасиме?“

Старецот им рече: „Сте го слушале Светото Писмо? Доволно е за вас.“

А тие рекоа: „Сакаме да чуеме и од тебе, отец.“

А Старецот им рече: „Во Евангелието се вели: Ако некој те удри по едниот образ, сврти му го и другиот.“

Тие рекоа: „Ние не можеме да го правиме тоа.“

Старецот им рече: „Ако не можете да го свртите другиот образ, барем едниот истрпете го.“

Му рекоа: „Не можеме ни тоа.“

А Старецот рече: „Ако не можете ни тоа, не возвраќајте на истиот начин.“

Рекоа: „Ни тоа не го можеме.“

Тогаш старецот му рече на својот ученик: „Направи им малку каша, тие се болни.“

А ним им рече: „Ако ова не можете, а она не сакате, што да ви правам? Потребно е да се молите.“