На смртната постела таткото го повикал својот син и му рекол да застане на прозорецот, па го прашал:
– Што гледаш надвор, синко?
– Гледам луѓе, татко – одговорил тој.
Потоа таткото му подал огледало да погледне во него и прашал:
– Сега што гледаш?
– Се гледам себеси – одговорил синот.
– Ете, синко! И прозорецот е огледало, направени се од исто стакло со таа разлика што на стаклото од огледалото се наоѓа тенок слој сребро. Така е и во животот, онаму каде што има сребро меѓу луѓето, таму човекот се гледа само себеси.