Да се гледа Бога, може и стоејќи, и седејќи, и лежејќи.

Он нема ниту исток, ниту запад, туку е вечно попладне! Вечна е и убавината на Неговата премудрост, на Неговата љубов и милосрдие.

Па, така пријателу мој, посакај да го најдеш Бога во себе, во своето срце, посакај да Го созерцуваш во природата, во убавините небесни!

Таму некаде, во Неговата светлина, црпи ја мудроста од Него! Падни пред Бога и молчи, сѐ додека не ти се дадат зборовите во срцето – Оче мој, помилуј ме! И како што по молњата на облакот му се разрешува да заврне, така и чувствата твои ќе пролеат топли солзи.

Старец Антониј (Медведев)