Провери се себеси: да не има во тебе недостаток на вера, надеж и љубов кон луѓето; да не има самоувереност, закоравеност, раздразливост, стомакоугодување, малодушност, роптање, униние и други гревови.

Доколку овој момент на покајание го оствариш со должно внимание, во тебе неизбежно ќе се појави и скрушеност на срцето, а ако нема скрушеност, тоа зборува за скаменета бесчувствителност и за мртовечко студенило. Значи, за душа која е во опасност.

Во тој случај, треба да ги читаш и да се присетуваш на Житијата на Светиите и на нивните поуки. Тие себеси се сметале за најголеми грешници и со искрено убедување извикувале кон Господа: „Никој на земјава од памтивек не згрешил како јас, бедниот и блуден“. Доколку се рамниш со нив и на нив се огледуваш, сигурно ќе се појави и кај тебе скрушеност на срцето, и ти ќе заплачеш над себеси.

Искреното покајание е почетен степен на светоста, а ладнокрвноста и рамнодушноста претставуваат оддалечување од неа и умирање надвор од Бога. Кога благодатта ќе го допре срцето и ќе го осветли со сета своја светлина, се покажува хаос во душата и тогаш искрено ги осознаваме своите гревови, своите чирови и душевни рани. Луѓето, кои не се стремат кон благодатта, се натажени и потонати во гревовниот мрак и не гледаат ништо во своите срца, а ако нешто гледаат, не се ужаснуваат, затоа што не се споредуваат со светиите, туку со сличните на себе.

Провери се себеси и според Божјите заповеди: да не нарушуваш можеби и некоја од нив!

Схиигумен Сава Псково-Печерски