1 Боже мој, Боже мој, почуј ме; зошто ме остави? Далеку се од спасението мое зборовите со кои паѓам во грев.

2 Боже мој! Те призивам дење – и Ти не слушаш, и ноќе – и нема мир за мене.

3 Но Ти живееш во Светилиштето Свое – опкружен со пофалби од Израилот.

4 На Тебе се надеваа татковците наши; се надеваа и Ти ги избави;

5 кон Тебе викаа, и се спасуваа; на Тебе се надеваа, и не се посрамија.

6 Јас сум црв, а не човек, потсмев за луѓето и презир во народот.

7 Сите, што ме гладаа, ми се подбиваа; нишајќи ги главите, велеа:

8 се надеваше на Господа, нека го избави, нека го спаси, ако Му е угоден.«

 

 

9 Но Ти ме подигна од утробата, стана надеж моја преку млекото мајчино.

10 Кон Тебе сум приврзан уште од зачнувањето мое; од утробата на мајката моја Ти си мој Бог.

11 Не отстапувај од мене, зашто неволјата е близу, а нема кој да ми помогне.

12 Многу телиња ме обиколија, дебели јунци ме опкружија,

13 ја отворија устата против мене како лав, кој го раскинува својот плен и рика.

14 Јас се разлеав како вода; сите мои коски се разглобија, срцето мое стана како восок, се топи во моите гради.

15 Силата моја се исуши како цреп, јазикот ми се залепи за непцата, во смртоносен страв ме фрли.

16 Кучињата многу ме опколија, цела чета од злочинци се врти околу мене; ми ги пробија рацете и нозете.

Се броеја сите коски мои, а тие гладаа и ме презираа

17 Се броеја сите коски мои, а тие гладаа и ме презираа;

18 ги разделија меѓу себе алиштата мои и за облеката моја фрлија жреб.

19 Но Ти, Господи, не оддалечувај се од мене! Сило моја! Побрзај ми на помош!

20 Избави ја од меч душата моја, и од пците еднородната моја;

21 Запази ме од устите лавовски и од роговите на еднорогите, спаси ја мојата смиреност.

22 Ќе го објавувам името Твое на браќата свои, сред собранието ќе Те фалам.

23 Вие, што се плашите од Господа, восфалете Го. Целото семе Јаковово нека Го прославува; нека се бои од Него целото семе Израилево,

24 зашто Он не ја презре ниту ја одби молитвата на страдалникот, не го сокри лицето Свое од мене, а ме послуша кога Те повикав.

25 За Тебе е похвалата моја, во великото собрание; ќе ги исполнам ветувањата свои пред оние што се плашат од Него.

26 Ќејадат сиромасите и ќе се најадат, ќе го фалат Господа оние што Го бараат; ќе живеат срцата нивни довека!

27 Ќе се сетат и ќе се обрнат кон Господа сите земни краишта, и ќе се поклонат пред Тебе сите племиња на народите,

28 зашто царството е на Господа, и Он е владетел над народите.

29 Ќе јадат и ќе се поклонат сите силницина земјата; пред него ќе паднат сите што слегуваат во земјата. А душата моја ќе живее за Него.

30 Потомството мое ќе Му служи и ќе се наречува Господово довека;

31 тоа ќе им ја соопштува на луѓето, што ќе се родат, правдата Негова, зашто сето тоа Господ го создал.