Секому, без исклучок, му е дадена смртта-како губење на се или како Воскресение Господово… 

И ете, еден човек, кога пристапи до Него, Му рече: „Учителе добар, какво добро треба да направам за да имам живот вечен?“

А Он му одговори: „Зошто Ме нарекуваш добар? Никој не е добар освен единиот Бог. А ако сакаш да влезеш во животот, пази ги заповедите.“

Тој Му рече: „Кои?“ А Исус одговори: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно;

почитувај ги татка си и мајка си; сакај ги ближните свои како себеси!“

Младиот човек Му рече: „Сето тоа сум го запазил од младини; што ми е уште потребно?“

Исус му кажа: „Ако сакаш да бидеш совршен, оди, продај го имотот свој и раздели го на сиромаси, и ќе имаш сокровиште на небото; па дојди и врви по Мене!“

Штом ги чу младиот човек тие зборови, си отиде нажален, оти имаше голем имот.

А Исус им рече на учениците Свои: „Вистина, ви велам, богат мачно ќе влезе во царството небесно;

и уште ви велам: полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо.“

Кога го чуја тоа учениците, многу се зачудија и рекоа: „Тогаш кој може да се спаси?“

А Исус, кога погледна на нив, им рече: „За луѓето тоа не е можно, но за Бога сè е можно.“

Сите ја слушнавме приказната за богатото момче, за тагата на човекот кој се плаши да се потпре само на Бог. Богатиот човек има сè; му недостасува само една работа – милост. Зарем тој не нè потсетува на многумина од нас кои ги почитуваме сите правила, држејќи се на уредбите на Црквата, поминувајќи низ животот чесно со строгост, а понекогаш, можеби, и со претерување во однос на самите себе?

Во секој случај, богатиот од Евангелието предизвикува симпатија. Кога Исус ги набројува заповедите: „Не убивај, не прељубодејствувај, не кради, не сведочи лажно; почитувај ги татка си и мајка си;, тој одговара: „Сето тоа сум го запазил од младини. Како што пишува во Евангелието по Марко, Исус го погледнал и го засакал. Но, му дал понуда без преседан. Му предложил целосен крај со богатството – не само материјално, туку и духовно. Господ не ги укинал заповедите во кој човекот го наоѓа животот. Напротив, тој посочи на нив, како единствен пат кон совршеноста, односно љубовта. Но, човек не може да постигне совршенство без труд. А Исус изненадно му нуди на овој човек, навикнат да се потпира само на сопствениот труд и на сопственото богатство, сè за ништо – сета своја љубов, сето свое совршенство: „Остави сè и појди со мене“.

Знаеме дека не можеме со ниеден свој дел или со подвиг да го заработиме Вечниот живот; никој не може да ги победи смртта и гревот, ниту да стане дел од Божествената природа и храм на Светиот дух. Сепак, ние често личиме на една дописничка на Свети Игнатиј Брајчинов, која била збунета, затоа што, иако толку внимателно се подготвувала за исповед, се трудела да живее строго и внимателно, ги исповедала сите свои гревови, вклучувајќи ги и најмалите, излегла од црквата со чувство на празнина, без радост. „Тоа е“, одговорил светиот јерарх, „затоа што сте мислеле дека сите свои долгови кон Бог може оддеднаш да ги намирите, додека вашите долгови никогаш не можат навистина да бидат отплатени“.

Вечниот живот е да се биде со Бог, и се состои во тоа дека знаеме дека е Исус Христос Бог и да Го следиме на патот на Неговите заповеди. Сите заповеди постојат поради нас како би не научиле на личен однос со Бог и со човекот, а тоа е љубов; така и Бог и човекот би биле живи за нас. „Сето ова го запазив“, вели момчето, но неговата врска со Бог и со човекот е целосно егоистична. Заробен од својот имот, и материјален и духовен. Тој е во синџири кои треба да се скршат.

Вечниот живот е животот кој го живее Исус Христос Бог. Тоа е љубов и несебичност и пожртвувана великодушност. Ако научиме што е Вечен живот тука на Земјата, и дека овој мир и радост потекнуваат од Христос, радосно ќе го следиме Христос. И ќе разбереме дека да го следиме Христос значи да им служиме на луѓето за кои Тој умре.

Секој од нас да проба денес, да искусиме каква тага и радост се во нас и што ги предизвикува. Богатиот човек не можел да се осуди да го продаде своето богатство, да се одвои од него. Тоа ја објаснува тагата со која се оддалечил од Христос, со спуштена глава. Тоа е тагата на оној кој не бил во состојба да ја прифати радоста која му се нуди. Радоста им се дава само на сиромашните по дух, само на оние кои смирено се молат за милост, следејќи го Христос. Момчето било ожаластено бидејќи не можел да стекне совршенство по својата висока цена и одбил да го прифати по Христовата ниска цена.

Но, ако таков човек умре, не можеме да се извиниме со сите христови ученици: „Тогаш кој може да се спаси? Тоа е невозможно за човекот, одговара Исус, но не и за Бог, бидејќи за Бог сè е возможно. Никогаш не треба да очајувате. Сасителот во тие зборови ја крие милоста кон богатото момче кое со оддалечува од него, на Бог не му е невозможно да го обнови. Но, постои еден закон: порано или подоцна доброволно да го остави богатството и да ја прифати милоста која му се дава.

Патот до Небото е тесен за сите, и вратите кои водат кон животот се вистински. Полесно ѝ е на камилата да мине низ иглени уши, отколку на богатиот да влезе во царството Божјо, вели Христос. Некои веруваат дека Тој зборува за капиите во Ерусалим, познати под името „очи игли“ поради големата теснина. Камилата не може да мине низ нив додека е натоварена. Значи, богатиот човек не може да се качи на Небото сè додека не посака да го исплати товарот на земското богатство и да е приклони кон правилата со смирена вера.

Други пак сметаат дека не е случајно што зборот „камила“ на грчки се совпаѓа со зборот „јаже“. Богатиот човек во споредба со сиромашниот човек е како дебело јаже во споредба со тенок конец. Нема да помине низ иглата сè додека не се раздели на поединечни нишки. Така и богатиот, треба да се ослободи од своето богатство нишка по нишка за да може да се протне низ иглата.

Каде може да ја најдеме храброста и самопожртвуваноста на оние кои напуштиле сè и отишле во пустината или прифатиле маченичка смрт? Дали толку одамна нашата Црква неше на крст, кога сите кои биле верни на Господа се надевале само на милост и, лишени од сè, немале ништо освен богатството на Небото? Но, секому, без исклучок, дадена му е смртта како губење на сè или како Воскресение Господово.

Протојереј АЛЕКСАНДАР Шаргунов

извор-  https://svetosavlje.org/radost-se-daje-samo-siromasnima-duhom/