Сомнежите треба да се презираат. Тие се исти како блудните и хулни помисли, на нив не треба да им се обраќа многу внимание.
Игнорирајте ги, па ѓаволот нема да издржи, и веднаш ќе се оддалечи од вас. Тој, бидејќи е горделив, не може да го поднесе презирот. Бидејќи таквите помисли не се наши, а се внушени од непријателот, кога ќе почнеме да разговораме со нив, се доведуваме во опасност лесно да бидеме соборени и убиени.
Верникот што Го љуби Бога не може да осудува, без разлика што во себе истовремено забележува две насоки, односно две карактерни особини: и да љуби, и да осудува. Станува очевидно, дека има некоја зла сила која ги навејува сомнежите, односно блудните и хулни помисли. Затоа презирајте ги овие помисли, тие тогаш нема да ве повредат, особено ако му ги откриете на старецот.
Кажувајќи ги, не треба да се влегува во детали, зашто е можно да се нанесе штета и на себеси, но и на старецот. Особено блудните помисли не треба да се откриваат во детален расказ. Треба што побргу да се покрие и да се затрупа таа смрдлива јама, а не да се расчепкува и да се копа во нејзината длабочина. Ако од нив не се насладувате, тогаш блудните помисли не се грев.
Само светите луѓе можат да им се спротивставуваат и да ги прогонуваат помислите. Ние, од нивниот налет, можеме да се спасиме само со бегство. Ако немате сили да се борите со помислите, тогаш повикајте го Господа Исуса Христа, и Неговото име ќе ги протера. Неисповеданиот грев разурнувачки дејствува на човекот и полека ја носи неговата душа кон смртта.
Преподобен Варсануфиј Плиханков